ЦУК попладнво соопшти дека е добиено известување од РЦУК - Штип дека пожарот Селце – Драгоево на кракот кај АБХО полигон, поради зголемување на температурите и појава на ветер, е разгорен и префрлен преку трасата на гасоводот. На еден дел е сопрен од страна на ТПППЕ-Штип меѓутоа на друг дел има префрлено преку трасата и се слуша пукање на муниција.
Поради загрозеност на безбедноста на екипите од пукање на муниција и густ чад, пожарникарите се повлечени на безбедно растојание. Доколку се во можност ќе продолжаат со гаснењето на пожарот. Од градоначалникот на Штип побарано е дополнителна подршка со градежна механизација за правење пресеци.
РЦУК - Тетово, известува дека пожарот помеѓу селата Челопек и Милетино-Општина Брвеница е локализиран во 16:20 часот. Зафатена беше поголема површина обрасната со сува трева, грмушки и остатоци од ожнеана пченица. Причина за пожарот е човечки фактор односно палење на остатоци од ожнеана пченица и јачмен.
На бројот 112 во Центар за управување со кризи е добиена пријава на пожар на отворено кај Бегово Поле и полициска куќарка кај Бачила и кај Планинарски дом Караџица. Станува збор за непристапен терен и за да се стигне до таму со возила би требало многу време.