Партијата на неврохирургот на Заеви познати по шурување со криминалните банди низ Македонија во чие време Македонија сатана Мека за дилерите и убијците се најде да прозива на тема која најмалце и одговара.

Откако со неспособниот Спасовски кој народот го остави без лични документи и пасоши грижејќи се пасоши да добијат земунскиот, кавачкиот и шкаљарскиот дилерски клан и други бандити од Балканот, го направија Скопје див запад, познат по мафијашки престрелки и незавршени случаи.

Нека не се грижи СДС одговорност за сите ќе има, вклучувајќи ги и тие кои ја доведоа земјава до ова дереџе да има на дното на листата за борба против корупцијата, каде има доверба од 2 проценти во судството, каде граѓаните живеат со 150 денари дневно, нема операциони сали, се краде од најтешко болните, и нема образовен систем, додека земјоделците и работниците се борат за подобар стандард не наоѓајќи слух и поддршка од криминалците од СДС и ДУИ. Затоа ви препорачуваме да се покриете и да си ставите прст на чело. Не е ни чудно што едвај 180 илјади гласа добивте и станавте маргинална партија во државава.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2024 17:54