На детското одделение од кумановската општа болница дневно се прегледуваат по 60-тина деца, соопштија денеска надлежните од одделението Најголем дел од децата доаѓаат со симптоми на стомачен вирус, гадење, повраќање, дијареја, болки во стомакот, покачена телесна температура.

- Децата доаѓаат исцрпени со благо зголемена не многу висока телесна температура, дијареа. Најзагрозени се доенчињата, децата до двегодишна возраст поради намалениот имунитет. Оние со потешка клиничка слика ги хоспитализираме, останатите се лекуваат амбулантски со инфузии, изјави началничката на детското одделение, на детското одделение д-р Ферихан Бајрами.

Дневно на амбуланата се по 60-тина деца, за деновите од викендот, метежот бил уште поголем до 80 тина деца.

- Имаме зголемен обем на работа. Тука се и нашите сограѓани кои се вратени од странство. Доаѓаат во ноќните часови клиничката слика на некои од децата е потешка, некои се дехидрирани, додава доктор Бајрами.

Таа советува децата да се хидрираат и веднаш да се упатат на матичен или лекарите од детското одделение. За поголемите деца пак е важно да се дава вода, течност, електролити и полесна храна.

- Помалите деца до две години можат и да бидат дехидрирани да се јават веднаш на лекар. Важно е да одмараат, да се хранат со супи, да им се дава чај, да се избегнуваа тешка, мрсна храна, и млечни продукти, вели докторката.

Родителите кои забележувааат вакви симптоми кај нивните деца да бида одговорни, повикаа лекарите од Куманово, да не ги водат во градинки, центри, да не се мешаат со роднини и пријатели. Лекарите советуваат често миење на раце и одржување на хигиена



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2024 18:37