Земјотрес со локална магнитуда од 2 степена по Рихтер е регистриран попладнево во 14 часот и шест минути со епицентар во скопско епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.

-Според досегашните податоци со кои располага Опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Скопје, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информира Опсерваторијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2024 19:34