Пожарот во Битола е делумно ставен под контрола. Спречено е тој да се прошири кон селото Раштани, потврди за МИА, заменик командирот на Територијалната противпожарна единица од Битола, Горан Димкоски.

- Пожарот делумно е ставен под контрола. Има уште една точка што ни е надвор од контрола, затоа што станува збор за непристапен терен. Нема опасност за куќи или викенд населби. Нема загрозени имоти и лица. Тоа го спречивме. Ако не го спречивме, одеше кон селото Раштани, појасни Димкоски.

На пожарот се делува и од воздух. Интервенираат пет авиони „ер трактори“ и еден канадер. Во гаснењето вклучени се и 35 пожарникари од ТППЕ - Битола, доброволци, лица од јавни претпријатија, доброволни друштва.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2024 22:46