Министерството за внатрешни работи информира дека повторно е отворен граничниот премин Богородица, кој денеска беше привремено затворен поради пожар кој избувнал на грчка страна. Во моментов граничниот премин функционира нормално.

Претходно, поради пожар на страната на Грција, во прекин беше сообраќајот на граничниот премин Богородица - Евзони, а возилата се пренасочуваа на граничниот премин Дојран.

Според извори на МИА од Гевгелија, пожарот избувнал пред 12 часот и гори до самиот граничен премин на излез од Грција.

На камерите на Јавното претпријатие за државни патишта можеше да се забележи дека има три колони возила кои чекаат на излез од државата и не се движат.

Дописничката на МИА од Атина претходно јави дека шумски пожар избувнал во близина на граничниот премин Богородица од грчка страна, оти преминот е затворен, превентивно и привремено, најверојатно поради чадот.

Во гасењето на пожарот интервенирале 39 пожарникари со два пешадиски тима, 12 возила и еден хеликоптер



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2024 20:15