Летото чини бројни сезонски растенија, како што се хортензиите и розите, да бидат во полн цут... Но, со една тајна состојка се добиваат уште поздрави и подолготрајни цветови, велат искусните градинари.
Имено, на хортензиите и розите им треба повеќе калиум во однос на други цвеќиња, а заради поголеми, подолготрајни и поживописни цветови... Рејчел Пакстон, американски стручњак за градинарство и основач на блогот „Криејтив хоуммејкинг“ (Creative Homemaking), сподели дека еден од најдобрите начини да „ги нахраните“ цвеќињата лете е - со кора од банана.
Има неколку начини да се направи ѓубриво од кора од банана, но најдобри се вкопувањето во земјата, или - „чај“ од лушпата.