Активни се пожарите во неготинско Калањево и росоманско Сирково, потврдија за МИА од Центарот за управување со кризи. Кај Калањево горат ниско стеблеста шума и грмушки, а, како што информира за МИА градоначалникот на Росоман, Стојан Николов, од вчерашната локација кај Сирково, огнот се префрлил во близина на селото Мрзен.

Пожарот во неготинско почна минатата среда околу 10.30 часот, а кај Сирково вчера околу пладне. И на двете места, гаснењето вклучуваше гаснење од земја и од воздух.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2024 16:41