Oд 19 часот вечер до 6 часот утре во Тетово ќе има сообраќаен режим поради снимање филм. СВР Тетово информира дека сообраќајниот режим ќе биде воведен на дел од улицата „Кузман Јосифоски-Питу“ и крстосница со улицата „Радован Цониќ“.

Режимот во сообраќајот во наведениот период ќе биде регулиран и контролиран од полициски службеници.

За сообраќајниот режим соопшти и продукциската куќа што го снима филмот - „Ендер Јампимчиклик филм“ со седиште во Истанбул, заедно со сервисната продукција ДНФ Филм ДООЕЛ Скопје.

-Во Тетово ќе се снимаат дел од сцените на филмот со наслов „Мирис на минатото“ во режија на Серкан Озарслаан. Филмот веќе подолг период се снима во Тетово и Скопје и, по премиерата во Турција, планирано е да има премиера и во Македонија. Во филмот глумат познати актери од Турција, како и од нашата земја, се наведува во соопштението на ДНФ Филм ДООЕЛ Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2024 17:16