Вработените од кумановската градинка од осумте објекти од градинката „Ангел Шајче“ ќе протестираат во понеленик, бидејќи не им е исплатена јунската плата, соопштија денеска од регионалниот одбор на СОНК Куманово. Одлуката ја донеле по вчерашниот состанок со членството на синдикалната организација од градинката и претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков.

- Протестот ќе се одржи пред управната зграда на улицата „Моша Пијаде“ од 12:40 до 13:15, поради обврските на вработените во однос на грижа за децата. Ако не се исплати платата, ќе продолжиме со протести, првин пред општината, а подоцна и во центарот на Куманово, изјави претседателка на регионален одбор на СОНК и претседател на синдикална организација во градинката, Цветанка Митевска.

Во моментов течат подготовките за протестот кој ќе биде официјално најавен до институциите, родителите ќе бидат известени. Првично, причина за неисплатената плата е несогласување помеѓу институциите, градинката, општината и Министерствата за финансии и труд и социјална политика. Во кумановската градинка вработени се 232 лица од кои 155 се членови на синдикатот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2024 17:25