Од туристичка такса во првото тромесечие на тековната година во касата на Општина Охрид се инкасирани над милион денари, односно 1.149.814 денари.

Споредбено со претходните години забележано е зголемување на наплатата. Инаку, туристичкиот промет во минатата година изнесуваше 20.221.832 додека во 2022 година 17.498.585 денари, велат од Општина Охрид.

Имено, согласно законот, средствата прибрани од туристичката такса треба да се реинвестираат во туризмот, преку Програмата за развој на туризмот за проекти и активности за поддршка на туристичката сфера, посочуваат од Општина Охрид.

Инаку, бројот на регистрирани даватели на угостителски услуги од мал обем, станоиздавачи во Општина Охрид изнесува 3049.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/07/2024 22:21