Водата во Скопје е безбедна за пиење и има добар квалитет, покажа неделниот лабораториски извештај.
Од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје утрово го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.
– Секторот за санитарна контрола во периодот од 15 до 19 јули 2024 година зема 206 примероци за физичко-хемиска и 206 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 47 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, пишува во соопштението.