Со денешните финални мечеви во двете конкуренции заврши Државното првенство во тенис. Нови шампиони станаа Александра Симева и Шендрит Деари.

За Симева ова е четврта шампионска титула, а го играше своето петто финале, додека Деари во своето седмо финале ја освои втората шампионска титула.

Неизвесност резултатска имаше во машкото финале во Дејвис куп репрезентативецот на Македонија, Деари со 2:1 во сетови го совлада Стефан Мицов, Деари го доби првиот сет со 6:1 во гемови, а Мицов со истиот скор го доби вториот сет и мечот се решаваше во третиот сет, кој му припадна на Деари со 6:4. Со оваа победа во финалето Деари го изедначи скорот на 2-2 против Мицов во финалните мечеви за титулата државен првак.

Во женското финале Симева со 2-0 во сетови (6:2 7:6) ја победи Ана Митевска. Нешто поискусната Симева го доби првиот сет со 6:2 во гемови, а во вториот се решаваше во тај брејкот, кој Симева го доби без загубен поен.

Во конкуренција на машки двојки шампиони станаа Берк Бугариќ и Елдин Хусеиновиќ, откако финалето го добија без одигрување на мечот, а финалисти беа: Иван Манасов и Елведин Пепиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2024 15:13