Шефот на француската дипломатија, Стефан Сежурне, порача денеска дека израелската делегација е добредојдена во Франција за Олимписките игри (ОИ), по контроверзната изјава на пратеник од радикалната левица дека Израелците не треба да дојдат.

Сежурне, кој престојува во Брисел каде денеска ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи на Европската унија, рече дека наскоро ќе разговара со својот израелски колега, додавајќи дека изјавата на пратеникот од радикалната левица е „неодговорна и опасна“.

„Затоа сакам да порачам, во име на Франција, дека израелската делегација е добредојдена во Франција на Олимпијадата. Ќе имам можност тоа да и и го повторам на израелската влада“, изјави Сежурне.

Олимпијадата започнува в петок и ќе трае до 11 август.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2024 05:04