Во соработка со Владата и сo Министерството за локална самоуправа, Општина Велес бара решение за изградба на подземна катна гаража и плоштад во центарот на градот кај судот.
Како што за МИА, денеска информира Александра Aндреева од Општина Велес, на вчерашниот состанок на градоначалникот Марко Колев и претставници на општината со министерот Златко Перински во Скопје, се разгледувале можностите за реализација на овој капитален проект, со кој центарот на Велес ќе добие модерна и функционална целина.
Инаку, оваа подземна катна гаража на три спрата во центарот на Велес треба да биде со капацитет од стотина возила.
Во Велес засега нема изграден ниедна катна гаража иако со години наназад неколку градоначалници на граѓаните само им најавуваа и ветуваа изградба на катна гаража.
Едната катна гаража беше најавувана да се гради на просторот до Автобуската станица од левата страна на градот.