На денешната седница во Собранието на Македонија за предлог за именување на заменици министри во владата се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски кој истакна дека оваа влада мандатот го започна со инвестиции и проекти уште од првиот ден.

„На министрите и на сегашните заменици министри ќе им ја повториме пораката дека секој еден од нив кој што е именуван на некоја позиција е именуван таму за да ги придвижи работите и нештата кон позитивна насока“ кажа Стојаноски и додаде:

„Граѓаните излегоа и кажаа дека не сакаат како до сега, и во изминатите 30 дена се покажа јасна разлика дека ако се работи како што треба и ако се работи посветено може да се придвижат нештата во позитивна насока и граѓаните конечно да видат дека и за оваа држава доколку има кадри кои што се чесни и работливи може да се оди напред.

Стојаноски посочи дека заменик министрите треба да ги слушаат граѓаните и соодветно на тоа да ги администрираат проблемите.

„Со вашето именување почитувани кандидати за заменици министри, министерствата треба да бидат операционализирани и конечно ќе се добие потребната ширина за да можат луѓето кои што ќе ги водат министерствата да ја исполнат и својата примарна цел а тоа е да ги слушаат граѓаните и соодветно на тоа да ги администрираат проблемите“ посочи Стојаноски.

Стојаноски исто така истакна дека мандатот оваа влада го започна се неколку нови инвестиции и проекти.

„Мандатот оваа влада го започна со тоа што уште првиот ден беше потпишан договор со странска инвестиција од 450 милиони евра, ветерен парк каде што треба да има 650 вработувања, се започна со ново училиште во општина Кисела Вода, камен темелник на нова градинка во Бутел, нова спортска сала во Гевгелија, нова градинка во Трубарево“ кажа Стојаноски.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2024 20:57