Во периодот од 18 до 21 јули во словачкиот град Банска Бистрица се одржа Европското првенство во младинска категорија на кое настапија двајца македонски атлетичари со претходно остварени норми за ова натпреварување, соопшти денеска Атлетската федерација на Македонија (АФМ).
Брајан Авиа настапи во дисциплината скок во далечина и со резултатот од 6.70 метри се пласираше на 23. место во конкуренција на 30. натпреварувачи, додека во дисциплината скок во височина Брајан успеа да прескокне 1.94 метри што беше доволно на крајот да го освои 25. место.
Марко Алексовски настапи на дисциплината 100 метри и со резултат од 11.14 секунди го освои 33. место во конкуренција на 37 натпреварувачи.