Првата група од 165 ученици кои Општина Кисела Вода ги испраќа на бесплатно летување, денеска замина во Охрид. Со нив патуваат и нивните тренери, односно наставници по физичко воспитување, известуваат од Општината.
Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски им посака убав одмор и оттаму да се вратат со спомени вредни за паметење и енергија за нови успеси.
- Денеска гледам многу насмеани лица и многу радост кај нашите спортски таленти чиј успех во општинската училишна спортска лига го наградивме со бесплатно летување. Една седмица тие ќе се дружат и ќе можат да спортуваат под менторство на нивните тренери на брегот на Охридското Езеро. Сметам дека ова е одличен начин да споиме на едно место сè што е убаво и корисно, бидејќи едновремено ги промовираме спортот и здравиот начин на живот, градејќи стимулативна средина и за сите останати ученици кои на овој начин ќе имаат дополнителен мотив да бидат поуспешни, изјави Ѓорѓиевски.
Тој потсети дека во август на бесплатен спортски камп ќе патуваат и останатите деца од групата која брои вкупно 165 деца.
- На овој бесплатен седумдневен спортски камп ќе се дружат спортисти од спортските клубови од општината со младински категории и основците од социјален ризик. Сакам да назначам дека ваквите и слични мерки за поддршка ќе продолжат бидејќи влогот во младите е наша обврска, но и големо задоволство, рече Ѓорѓиевски.