Жак Вилнев, шампионот во Формула 1 од 1997 година, верува дека поканата на Карлос Сајнц да го замени Серхио Перез би бил вистинскиот чекор за тимот на Ред Бул.
Според последните информации во британскиот печат, Ред Бул во многу блиска иднина планира да го реконструираат тимот.
- Во моментов нема соодветна замена за Серхио Перез во Ред Бул. Јуки Цунода сè уште е неконзистентен возач, додека. На Лиам Лосон, пак, му недостига искуство. Сè уште не знаеме дали е способен да го направи овој чекор и да се пресели во Формула 1. Мислам дека Карлос Сајнц е најдобрата опција да го замени Серхио Перез во Ред Бул. Тој е одличен возач и покажа резултати во секој тим за кој настапувал. Ред Бул треба да се обнови и доведувањето на Сајнц е одличен прв чекор во тој процес, рече Вилнев.
За Ред Бул сезонава возат Макс Верстапен и Серхио Перез.