Општина Битола објави повик до сите евидентираните невработени лица да се вклучат во програмата-општинско – корисна работа, проект „Работно ангажирање преку социјални услуги“.

Од секторот за односи со јавност информираат дека ангажманот ќе се одвива за период од девет месеци, а со цел стекнување вештини и постепено вклучување на пазарот на труд.

- Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 работни часови неделно. Работните позиции се однесуваат на ангажирање на образовен асистент, асистент за ученик со потешкотии, асистент едукатор, фасцилитатор во инклузивен центар за деца од ранливи групи, едукатор во регионалниот ресурсен центар за слепи лица и лица за оштетен вид, едукатор толкувач на знаковен јазик, негувател во старски дом, негувател на стари и изнемоштени лица во домашни услови, воспитувач во детска градинка и негувател во детска градинка, информираа од тамошната локална самоуправа.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2024 18:00