Цената на дрес на американската безбол легенда Бејб Рут, на наддавање на аукциската куќа „Херитиџ окшнс“ (Heritage Auctions), достигна 13,3 милиони долари.

Бројката е аукциски рекорд за спортски сувенир. Претходниот рекорд беше поставен во септември 2022 година, кога дрес на кошаркарот Мајкл Џордан, којшто тој го носел на првиот натпревар од финалната серија на НБА против Јута како играч на Чикаго во 1998 година, беше продадена на аукција за 10,091 милиони долари.

Уште повеќе, како што пишуваат западните медиуми, вредноста на дресот на Рут од клубот Јенкис може да се зголеми по завршувањето на наддавањето на 24 август.

Џорџ Херман „Бејб“ Рут (1895 - 1948) е американски професионален бејзбол-играч чија кариера во МЛБ-лигата траела 22 сезони, од 1914 до 1935 година. Играл за тимовите на Бостон ред сокс, Њујорк јенкис и Бостон брејвс. Се смета за еден од најголемите спортисти во американската култура. Избран е во „Куќата на славните безбол-играчи“ во 1936. како еден од нејзините „Први пет“ инаугуративни членови



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2024 11:45