Градоначалникот на Тетово Биљал Касами денеска го посети прифатилиштето за бездомни кучиња на Друштво за грижа на бездомни кучиња АНА АГРО ДООЕЛ во Ратае, со кое општината потпиша едногодишен договор за Програма за спроведување и решавање на проблемот со бездоми животни врз основа на јавна набавка.
Според договорот, општината има одредено 2.542.372 денари без ддв за 12 месечното третирање на бездомните животни.
-Кучињата бездомници ќе бидат подложени на максимален хуман третман кој опфаќа нивно заловување, транспорт до болница, прием и преглед од овластен ветеринар, тест за социјализација, лабораториски преглед за одредени болести, идентификација и водење евиденција (чипирање), стерилизирање, кастрирање, сместување, постоперативна нега, како и соодветна вакцинација, изјави Касами во прифатилиштето.
Ветеринарот Ане Апостоловски, ангажиран во прифатилиштето, вели дека приоритет ќе биде да се заловат и третитаат агресивните и болни кучиња за кои добиваат многу бројни пријави од граѓани. Според ветеринарот, сите кучиња по ветеринарен третман поминуваат и тест за социјализација кој определува дали е безбедно да се врати на локацијата доколку никој не го вдомува.
-Кучињата кои ги третираме поминуваат тест за социјализација на два пати и доколку не го помине, оди на еутаназија. Тоа се прави на трет ден од заловување и после оперативен зафат. Исто така се вакцинираат, се чистат од паразити и им се става идентификационен микрочип. По третирање на кучињата ако некој не ги вдоми, треба да се вратат на локација, по што ќе има наредна тура, информираше Апостоловски
Прифатилиштето има капацитет од 19 „боксови“ за кучиња. До сега, Општина Тетово повеќе месеци немаше оператор за третман на бездомни кучиња