Добро е што Бектеши призна дека правел притисок, а сега ЈО и судството да постапат и да сноси и одговорност.
Како тоа порака со содржина дека е срамота што МВР се занимава со млади луѓе не е притисок?
Дали за Бектеши младите прекршители на законот или криминалци не се криминалци?
Што за Бектеши се млади луѓе дали тоа се лица од 18 до 30 години и дали тие не треба да се гонат ако направиле прекршок или кривично дело?
Која порака Бектеши ја упатува до младите?
ДУИ наместо да фолира по медиумите, подобро ќе биде самите да се оградат од таквите како Бектеши што побрзо.