Петте лица од светиниколското село Стројменци, кои се заробени во пожарот, со помош на хеликоптер веќе се извлекуваат, изјави за МИА градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев.

- Огнот во моментов е над селото Орел, накај селото Ранчанци. Во атарот на село Орел сега нема опасност по куќите и мислам дека ќе го стават под контрола, потоа од Стројменци накај село Ранчанци, накај манастирот Света Недела. Ме радува што во моментов има авиони, кои ќе помогнат. Овие села можеби не се големи, но се живи села, вели Владев.

Во спасувањето на селата вклучени се пожарникари, доброволци, месно население, вработени во државните институции.

Пожарите во Светиниколско се гаснат од земја и воздух, а општината со помош на населението обезбедува храна и вода за луѓето кои се борат со пожарите во оваа општина.

Штетите од пожарите дополнително ќе се утврдуваат, а според првичните проценки, изгорени се околу 40 куќи во селата Немањици, Малино и Орел. Има изгорено и стока, добиточна храна, а некои од селата останаа и без вода за пиење, како што е селото Немањица.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2024 01:53