Специјализираниот суд за корупција и организиран криминал на Албанија ја продолжи мерката „куќен притвор“ изречена на поранешниот албански претседател и премиер Сали Бериша и на неговиот зет Јамарбер Малтези.
Бериша во домашен притвор е од декември 2023 година, а во октомври Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, (СПАК) го обвини за пасивна корупција извршена во соработка со неговиот зет во врска со приватизацијата на поранешниот спортски комплекс „Партизан“ во Тирана.
Мерката „куќен притвор“ му беше изречена на Јамбер Малтези на крајот на ноември минатата година, откако му беше укината мерката затворски притор, изречена во октомври, кога беше уапсен на аеродромот во Тирана.
Бериша (79) се соочува со обвиненија во Албанија дека го користел своето влијание додека бил премиер помеѓу 2005 и 2009 година за да го фаворизира сопругот на неговата ќерка во приватизацијата на државното земјиште, што тој и неговата ќерка Аргита Малтезе Бериша го негираат.