Едно лице загина, а четворица се повредени синоќа кога експлодирала рачна граната за време на забава одржана во станбена зграда во градот Книн, во јужна Хрватска, соопшти денеска полицијата.

Според првичните информации од истрагата, 25-годишно момче за време на забавата од спалната соба донело рачна граната и му ја предало на друго 25-годишно момче.

Според полицијата, гранатата експлодирала поради погрешно ракување, при што едно лице загинало, а четворица се повредени, меѓу кои и малолетник.

Повредените се примени во болница во Книн и нивната состојба е стабилна, изјави извор од болницата.

Во тек е истрага за утврдување на околностите околу набавката и поседувањето на експлозивната направа.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2024 02:59