Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска на 28 корисници на дивечот во ловиштата им врачил 67 нови договори за одгледување и заштита на дивечот во ловиштата. Овие договори се во важност до објавување на јавен повик за давање на користење на дивечот во ловиштата. Со нив се уредува одгледување и заштита на дивечот во ловиштата, соопшти Министерството.
Во јули месец, се додава во соопштението, на овие 28 корисници на дивечот во ловиштата востановени на територијата на Република Македонија, а кои со договор за користење/концесија стопанисуваа со 67 ловишта, им беа истечени договорите за користење/концесија на дивечот во ловиштата
- Започнавме со решавање на сите оние отворени прашања и проблеми во ловството во Македонија, воспоставуваме ред и контрола над дивечот во ловиштата, го подигнуваме ловството како стопанска гранка на повисоко ниво. Ја подобруваме општата ситуација во ловиштата во Република Македонија. Конечно ќе имаме нормално и функционално користење на дивечот во ловиштата, истакна Трипуновски.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во наредниот период ќе распише јавен повик за давање на користење на дивечот во ловиштата за 72 ловишта востановени на територијата на Република Македонија.
- Средени и одржувани ловишта тоа барање од страна на ловечките друштва ќе биде исполнето, велат од МЗШВ