Земјоделски Институт – Скопје ќе ја пресметува производната цена за двете најзастапени сорти на винско грозје за 2024 година, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

-Производната цена за килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 годин се пресметува согласно Законот за виното (Службен Весник 74/24) по Методологија за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет ( Службен Весник 146/24). Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство спроведе Јавен конкурс за избор на институција и склучи Договор со Земјоделски Институт – Скопје за вршење на услугата. По завршување на пресметката од страна на Земјоделски Институт – Скопје, Министерството јавно ќе ја објави производната цена на килограм винско грозје во текот на следната недела, посочуваат од МЗШВ.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2024 17:14