2 август 1903 и 2 август 1944 ќе останат впишани како темелници на Македонија
ВМРО-ДПМНЕ им го честита Илинден на сите граѓани.
2 август 1903 и 2 август 1944 ќе останат впишани како темелници на Македонија.
На денешен ден пред 121 година народот го крена својот глас за слобода. Организирано, сплотено и со една мисла.
Илинден ги сплотил сите под бајракот на слободата, слободата која ја живееме денее, е плод на искрата кој тогаш беше запалена, а се реализира 41 година подоцна на 2 Август 1944 година.
Македонија денес е слободна, но борбата продолжува, за напредок, поубава иднина за сите.
Следуваат години со успешна и плодна работа за Македонија. За иднините генерации да наследат Македонија посовршена од тоа што сме наследиле ние.
Честит Илинден.