Партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски, а во состав на членовите на ИК Драган Ковачки, Дафина Стојаноска и Марија Митева по повод Илинден положи свежо цвеќе во споменикот "Македониум" на гробот на претседателот на Крушевската република Никола Карев во Крушево.

Денес се одбележуваат 121 година од Крушевското востание, кое ја одбележа борбата на Македонците за сопствена држава, која 41 година подоцна на 2 август 1944 година резултираше со АСНОМ и Македонска држава.

Илинден останува темелник на Македонија и мотив за борба на идните генерации за подобра и поуспешна Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/08/2024 18:15