АСНОМ претставува практично прво официјално укажување дека Македонија стапна на полето на национална држава, иако како федерална единица во рамки на југословенската федерација, сепак со атрибутите на нова балканска држава. Во секој случај, АСНОМ претстава прво историско основање на македонската државност.

Тоа денеска го посочи проф. д-р. Владо Поповски на неговото предавање одржано во Куќата на Уранија – МАНУ во Охрид, во рамки на активностите на Академијата насочени кон одбележувањето на 80 години од АСНОМ



Автор: Администратор
Објавено на: 02/08/2024 18:23