Во деновите од викендот, особено утре во попладневните и вечерните часови, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град.

Како што информираат од УХМР, во недела нестабилно ќе биде повеќе во западните делови од земјата, а потоа следува период на претежно стабилно и топло време со слаб до умерен северен ветер.

Времето утре претпладне ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. UV=9

Во Скопје претежно сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 37 степени



Автор: Администратор
Објавено на: 02/08/2024 18:45