Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов ги испрати дел од странските противпожарни сили, кои изминатите денови помагаа во гаснењето пожари низ државава. Притоа, тој им врачи признанија и плакети на воениот дел од скопскиот аеродром, информираат попладнево од ЦУК.
- Ангелов изрази благодарност до нашите пријатели, храбрите пилоти и воздухопловните посади од Словенија, Чешка и од Шведска, кои овие денови, заедно со македонските пилоти на противпожарни воздухоплови, ги гаснеа пожарите што ја пустошеа и сѐ уште ја пустошат нашата татковина, се наведува во соопштението.
Тие пак, изразиле подготвеност да помогнат и понатаму, доколку имаме потреба од нив.
Признание ѝ било врачено и на Клер Ковалески, офицер за врска од ЕУ - механизмот за цивилна заштита