Италијанскиот пливач Томас Чекон, кој го освои златото на 100 метри грбно на Олимпијадата во Париз, преспал на улица поради неклиматизирани услови во собата во која престојувал во олимпиското село. Веслачот од репрезентацијата на Саудиска Арабија, Хусеин Алирез, на својот Инстаграм профил објави видео од овој случај.

Чекон пред неколку денови се пожали на условите во олимпиското село, велејќи дека организацијата била на пониско ниво од Игрите 2021 во Токио.

Италијанецот особено го забележа проблемот со неклиматизираните соби во услови на топло време. На видеото објавено од Алирез се гледа како олимпискиот првак на 100 метри грбно Чекон спие на земја во близина на клупа во парк.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2024 05:04