Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска го посетил струмичкото село Муртино и извршил увид на откупот на црвената пиперка.

Трипуновски соопшти на својот профил на Фејсбук дека ги информирал жителите на Муртино оти пред неколку дена е постигнат договор за откупната цена на црвената пиперка, прва класа - 40 денари за килограм, прва/втора класа - 30 денари за килограм, втора класа - 20 денари за килограм, трета класа - 12 денари за килограм.

Од МЗШВ информираат дека од страна на министерот било ветено дека Државниот инспекторат за земјоделство ќе биде постојано на терен и ќе се грижи за да се запази динамиката и откупните цени на црвената пиперка. Посочуваат дека градинарите се задоволни од одлуката на министерот за однапред договорената откупна цена на црвената пиперка.

-Земјоделците се во сигурни раце, Министерството се грижи и го вреднува нивниот труд, напиша Трипуновски



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2024 05:06