Националниот олимписки комитет на Грција објави суспензија на неименуван учесник на Олимписките игри во Париз поради кршење на правилата за антидопинг.
- Грчкиот олимписки комитет соопшти дека е информиран за позитивен допинг тест од еден од членовите на Олимпискиот тим во Париз. Грчката Национална антидопинг агенција наведува дека на ова лице веднаш му била изречена привремена забрана и затоа е побарано негово отстранување од Олимпиското село, се вели во соопштението на организацијата.
Претходно грчката атлетичарка Клаудија-Полак, која настапува во скок со стап, извести дека во еден нејзин примерок биле пронајдени траги на допинг, кои можеле да бидат внесени во телото како резултат на јадење месо. Концентрацијата на супстанцијата била во границите на нормалата, па затоа била примена на Олимписките игри.
Клаудија-Полак не успеа да се пласира во финалната фаза од натпреварувањето