На Олимпијадата во Париз, тренинзите за пливање во реката Сена повторно беа откажани поради лошиот квалитет на водата.

За 8 и 9 август е предвидено да се одржат натпревари во пливање на отворени води.

Претходно, организаторите четири пати ги откажаа тренинзите за триатлонците во Сена. Но, на крајот медалите во овој спорт беа доделени.

Неколку триатлонци по тренинзите се пожалија на стомачни тегоби, а некои од нив ги откажаа настапите и не учествуваа на натпреварите.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/08/2024 18:09