Американскиот атлетичар Кол Хокер вечерва го освои златниот медал на 1.500 метри на Олимписките игри во Париз.
Хокер триумфираше со време на нов олимписки и национален рекорд од 3:27,65 минути.
Британецот Џош Кер го освои среброто со национален рекорд 3:27.79, а Американецот Џаред Нугусе ја освои бронзата со личен рекорд од 3:27.80 минути.
Бранителот на титулата Норвежанец Јакоб Ингербригтсен водеше во поголемиот дел од трката и наметна силно темпо, но противниците го стигнаа во последните 80 метри и го претекнаа пред целта, па тој заврши на четвртото место со време од 3:28,24 минути