Единаесеттиот натпреварувачки ден на Олимписките игри во Париз донесе смена на врвот на најуспешните нации и водство на САД пред Кина.
Американските спортисти од почетокот на Игрите во Париз освоија 24 златни медали, два повеќе од Кина.
Австралија е на третото место со 14 златни одличја, а домаќинот Франција на четвртото место со еден златен медал помалку.
Табела:
САД 24-31-31 (86)
Кина 22 – 20-16 (58)
Австралија 14 – 12-9 (35)
Франција 13-16-19 (48)
Велика Британија 12-15-19 (46)