Времето ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени. UV=8

Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Во четврток и петок ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. За време на викендот ќе преовладува сончево време, но ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе биде во покачување.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2024 05:08