Полската тенисерка Ига Швјонтек се пласираше на последниот ВТА турнир оваа сезона, објавија организаторите на турнирот.

Завршниот ВТА турнир ќе се одржи во Саудиска Арабија од 2 до 8 ноември.

Дваесет и тригодишната Швјонтек освои бронзен медал на Олимпијадата во Париз.

Покрај тоа, годинава Швјонтек го освои Грен слемот Ролан Гарос, како и турнирите во Доха, Индијан Велс, Мадрид и Рим.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/08/2024 22:09