По пауза од 48 години полските одбојкари повторно ќе играат за златниот олимписки медал откако вечерва во полуфиналето на Игрите во Париз ја совладаа американската репрезентација со 3-2.
Полјаците до големиот триумф ги предводеше натурализираниот Кубанец, Вилфредо Леон Венеро со 26 поени, а 15 реализираше Норберт Хубер.
Најистакнатите кај Американците беа Метју Андерсон со 24 поени и Арон Расел со 20 поени.
За Полска ова е второ олимписко финале во машка одбојка, За прв пат тоа им успеа во 1976 година во Монтреал, каде го освоија златниот медал победувајќи ја репрезентацијата на СССР со 3-2 во финалето.
Во финалето на турнирот во Париз, Полска го чека победникот од полуфиналната пресметка меѓу Италија и Франција.