Летиција Ајуд од Либан е ривалката на Милјана Рељиќ во четвртфиналето таеквондо до 57 килограми на Олимписките игри во Париз.

Македонката попладнево забележа голема победа над двократната олимписка шампионка Џејд Џонс од Велика Британија и се пласира помеѓу осумте најдобри.

Терминот за борбата на македонската репрезентативка со таеквондистката од Либан е 15:45 часот.

Во случај на победа, Релиќ ќе биде блиску до медал.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/08/2024 15:28