Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов денеска попладне одржал работна средба со претставници на специјалната противпожарна единица од Унгарија, при што бил информиран за мерките за заштита на населбите покрај езерото Козјак од пожарот кој се спушта по планинските стрмни падини до езерото.
На крај од средбата, како што информираат од ЦУК, обострано била искажана благодарност за добрата соработката, којашто останува како нешто што ќе се надоградува во име на пријателството на двете земји и заедничкото помагање и справување со кризните ситуации, особено со пожарите од поголеми размери, како што се оваа сезона во нашата држава.