Претежно сончево и многу топло време нѐ очекува до крајот на седмицата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Топлото време е под влијание на многу топла воздушна маса од југ, а особено топло ќе биде до среда, кога дневната температура наместа ќе надминува 40 степени Целзиусови и на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.
И покрај високите температури, од УХМР соопштуваат дека од среда до петок во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.