Унгарката Мишел Гуљаш (23) го освои денеска златниот медал во модерен петобој на Олимписките игри во Париз со нов светски рекорд.
Откако се најде на врвот во поредокот во јавање, мечување и пливање, во трката на 3000 метри, во која пет пати се пука од пиштол, Гуљаш влезе од втората позиција, со 11 секунди зад водечката Французинка Елоди Клувел (35).
Сепак, при второто пукање Гуљаш го престигна Клувел и не ја испушти предноста до финишот.
На крајот, Гуљаш славеше со нов светски рекорд од вкупно 1461 поен, додека второпласираната Клувел собра девет поени помалку. До бронзата дојде актуелната светска шампионка Сеунгмин Сеонг (21) од Јужна Кореја со 1441 поени.