Женската италијанска одбојкарска репрезентација го освои златниот олимписки медал на Игрите во Париз откако во денешното финале триумфираа во дуелот со американските одбојкарки со 3-0 (25-18, 25-20, 25-17).
Најефикасна во редовите на Италија беше Паола Егону, која запиша 22 поени.
Најистакната во американската репрезентација беше Џордан Томсон со осум поени.
За италијанските одбојкарки ова е прва олимписка титула во историјата.
Бронзениот медал на Олимпијадата во Париз го освои Бразил, откако во дуелот за третото место вчера беше поуспешна од Турција.