Српскиот кошаркарски репрезентативец Алекса Аврамовиќ е прогласен за најдобар одбранбен играч на Олимпискиот турнир, соопшти денеска ФИБА.

Аврамовиќ имаше просек од 3,4 украдени топки по натпревар, а во дуелот за бронзениот медал против Германија имаше четири украдени топки.

Српскиот кошаркар на олимпискиот турнир имаше вкупно 10 украдени топки, а на теренот мина во просек по 19,9 минути по натпревар.

Србија го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Париз, откако во саботата ја совлада Германија со 93-83.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/08/2024 04:56