Во организација на здружението „King's of the roads“, во Делчево денеска се одржа Изложба на олдтајмери. На изложбата учество зедоа 70-тина возила од Делчево, Македонска Каменица, Кочани, Виница, Штип, Гевгелија, Скопје и други градови, за што од организаторот добија благодарници.

Меѓу поатрактивните возила на настанот беше теренското возило на гевгеличанецот Ристо Попов, купено пред 50-тина години во Делчево.

-Целта за учество на оваа изложба е ова возило повторно да биде донесено во Делчево од каде е набавено. Се работи за американски џип од 1942 година, купен е од делчевецот Илија ,,Чачарата", но по игра на случајот заврши кај мене. Се на него е оригинално, со тоа што некои делови се пескарени. Четири години траеше таа реставрација, така да мило ми е што сега дел од семејството на дедо Илија можеше да седне во него, вели Попов.

Изложбата на олдтајмери во Делчево е настан кој редоследно со пауза за време на ,,короната" се одржува повеќе години во организација на делчевското здружение.

-Задоволни сме од одзивот на учесниците покрај тоа што се летни одмори. Имаше понови и постари возила, секој е овде со тоа, што има. Обезбедивме награди за сите и се надеваме дека догодина ќе имаме повеќе ги учесници, истакна Лоренцо Трајановски, претседател на ,,King's od the roads".

Изложбата на олдтајмери и годинава беше поддржана од Општина Делчево



Автор: Администратор
Објавено на: 12/08/2024 05:00