Кошаркарките на САД го освоија златниот медал откако вечерва ја совладаа Франција со 67-66 во женското финале со кое заврши натпреварувачкиот дел на Олимписките игри во Париз.
За американските кошаркарки ова е осми златен медал на последните осум Олимписки игри.
Аџа Вилсон со 21 поени беше најефикасна кошаркарка во составот на САД, а запиша и 13 скокови.
Бронзата ја освои Австралија која претходно денеска во натпреварот за третото место ја совлада Белгија.